Skip to content

Изјава за приватност при вршење на видео надзор

Оваа изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ – експорт импорт, ги собира од вас при посета на деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме(обработуваме) лични податоци?

    Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини(цели):

    -да се контролира пристапот до објектот(зграда,влез,простории) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;

    -за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап,вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и

    -да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот,посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите(на пример пожар, физички напад).

    Системот не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство.Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор.Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, не и да се препознаат лица.

    Системот за видео надзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на лични податоци(Во исклучителни околности, податоци може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

    Камерите за видео надзорот се инсталираат на влезни и излезни места и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до деловните простории(објект) вклучително и имотот.

    Системот за видео надзор ја опфаќа областа на:да се даде детален опис(на пример:влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, гаража и надворешна површина на зградата)

    • Какви податоци собира Контролорот?

    Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

    • Кој е одговорен за обработка на податоците?

    Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа,Софка Муфишовска Гигова е лице за контакт и одговорно за видео надзорот.

    • Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?

    Контролорот користи опрема за видео надзор за(да се наведе една или повеќе цели):

    -заштита на животот или здравјето на луѓето;

    -заштита на сопственоста;

    -заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата, или

    -обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.

    Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

    Покрај тоа, на влезот ПЛАЗА ДЕ ТОРОС, има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

    • Кој може да ги види моите лични податоци?

    До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор(на пример:членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или на ангажираната агенција за приватно обезбедување). Пристапот да дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограчичен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците(лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на контролорот ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ.

    • Како да ги контролирате вашите податоци?

    Може да испратите барање  на ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ (на пример: е-пошта на info@plazadetoros.mk, адреса ул. Кеј 13 Ноември бр.16).

    • Можам ли да пристапам до моите податоци?

    Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ- ул.Кеј 13 Ноември бр.16, или преку е-пошта до info@plazadetoros.mk

    • Можам ли да ги менувам моите податоци?

    Не е дозволено изменување на видео записот за видео надзор.

    • Може ли да побарам ограничување на обработка на моите податоци?

    Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци во  секое време со испраќање на барање на ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ ( на пример: е-пошта info@plazadetoros.mk, адреса ул. Кеј 13 Ноември бр.16), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците.Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

    2. Дали можам да ги избришам моите податоци?

      Вие имате право да ги избришете Вашите податоци во секое време со испраќање на барање на ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ ( на пример: е-пошта info@plazadetoros.mk, адреса   ул. Кеј 13 Ноември бр.16), кога обработката е незаконска.

      3. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

        Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на вашите податоци со трети лица, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

        4. Дали имам право на приговор?

          Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ СКОПЈЕ ( на пример: е-пошта info@plazadetoros.mk, адреса ул. Кеј 13 Ноември бр.16), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација.Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.

          5. Што можам да направам во случај на проблем?

            а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање на е-пошта до info@plazadetoros.mk и да побарате да превземе акција.

            б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот официр за заштита на лични податоци на sofka.mufisovska@plazadetoros.mk.

            в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци www.azip.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе  ги донесе потребните мерки.

            6. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?

              Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

              7. Безбедност на лични податоци

                Контролорот е посветен за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање.Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролна околина.

                8. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

                  Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.

                  Back To Top